Познат терминот за судењето на Новак Ѓоковиќ

Судот во Австралија го одреди точниот термин на сослушувањето на Новак Ѓоковиќ во врска со неговиот влез во земјата. Најдобриот тенисер во светот пред главниот судија ќе излезе на 10. јануари во 10 часот по локално време, што е точно на полноќ меѓу недела и понеделник во средноевропско време.

Ѓоковиќ веќе неколку дена е затворен во хотелот во Мелбурн, а пред него целовреме се собираат фановите на тенисерот кои му даваат голема поддршка.

 

 

Се вчитува...