Познато е кога Меси ќе ја каже одлуката за својата иднина

Лионел Меси се уште не преговарал со ниту еден клуб, иако има право на тоа веќе од 1. јануари следната година.

Меси, сепак, ќе почека до 25. јануари, кога Барселона ќе знае кој ќе биде новиот претседател, а потоа ќе ја донесе конечната одлука за неговата кариера.

Аргентинецот размислува за својата иднина надвор од клубот на Барселона, особено откако се влошија односите со претседателот Бартомеу. Сега Меси е тој што чека да види кој ќе биде новиот прв човек на клубот и тоа со причина. Според шпанските медиуми, Лео сака тригодишен договор и вистински спортски проект, со тим што сериозно ќе ја „нападне“ Лигата на шампионите, а дали Барселона ќе може да му го понуди тоа на крајот на јануари, останува да видиме.

Како што е веќе познато, договорот на Меси истекува на 30. јуни, тој сакаше да ја напушти својата Барселона по 20 години ова лето, но со „крајни маки“ го убедија да почека уште една сезона и да размисли за неговата иднина.

Се вчитува...