Позната листата на учесници – „20 одметници“ кои се одлучија за Суперлигата?

Суперлигата е главна спортска тема последниве денови во светот. Навивачите и поголемиот дел на тренери се против ова натпреварување, а некои од клубовите како Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Порто официјално потврдија дека нема да бидат дел од новото натпреварување.

Дел од светските медиуми ги објавија тимовите кои ќе бидат дел од новото натпреварување кое се очекува да брои 20 клуба. Покрај веќе познатите 12 (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунатед, Ливерпул, Челси, Арсенал, Тотенхем, Јувентус, Интер и Милан), се очекува дел од новото натпреварување да бидат уште и Монако, Лион, Феенорд, ПСВ Ајндховен, Наполи, Шахтјор, Базел и Олимпијакос.

Се вчитува...