Познати четири учеснички во 1/4 финалето на Австралија опен

Кејс, Крејчикова, Пегула и Барти се првите четири учеснички во 1/4 финалето на женскиот турнир на Австралија опен.

Кејс ја совлада Бадоса со 2-0 во сетови, а Крејчикова беше подобра од Азаренка со истиот резултат. Пегула ја совлада Сакари од Грција со 2-0, додека Барти беше неприкосновена во дуелот со Анисимова од САД.

Утре ќе се комплетираат 1/4 финалните двојки со дуелите Колинс – Мертенс, Халеп – Корне, Свјонтек – Кристеа, Канепи – Сабаленка.

Се вчитува...