Познат е комплетниот распоред на групите за најголемиот фудбалски турнир во Македонија – „Илинден куп 2025“ кој оваа година ќе се одржи од 12. до 14. септември на фудбалските терени во Марино, општина Илинден, а во организација на Фудбалска школа Грозданоски од Скопје.
И оваа година турнирот е под покровителство на општина Илинден и градоначалникот, Александар Георгиевски, соборувајќи ги сите апсолутни рекорди кога е во прашање бројот и квалитот на учесници на еден фубалски турнир во Македонија.

Вкупно 75 клуба ќе бидат дел од „Илинден куп 2025“ со 232 екипи од 12 европски земји, распределени во 6 возрасни категории, од 8 до 13 години, или околу 3500 млади фудбалери од цела Европа. Меѓу нив фудбалски гиганти од Европа како Бриж и Андерлехт од Белгија, Фенербахче и Бешикташ од Турција, Динамо Загреб од Хрватска, Партизан и Црвена Звезда од Србија, но и Левски од Бугарија, но и екипи од сите најдобри македонски клубови.
РАСПОРЕДОТ НА ГРУПИТЕ НА „ИЛИНДЕН КУП 2025“





Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

