Познати противниците на Вардар на подготовките во Анталија

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека има закажано три пријателски натпревари на подготовките во Анталија. „Црвено-црните“ наскоро ќе заминат во турскиот туристички центар, а веќе на 28. јануари ја играат првата контрола против Полисја од Украина. Вториот тест е со Ска Ростов од Русија на 1. февруари, а на 4. февруари е контрола со рускиот тим Том Томск.

Вардарци низ пролетниот дел ќе атакуваат на пласман на второто место на табелата, кое носи бараж за пласман во Првата лига. Од тука Вардарци донесоа квалитетни имиња, а најпознати се голманот Филип Гачевски, и играчот од средниот ред Дарко Мицевски.

Се вчитува...