Познати протоколите во Франција: „Зелено светло“ само за вакцинираните лица, Ѓоковиќ нема да игра на Ролан Гарос

Француската влада најави промени во однос на протоколите настанати по новиот бран на коронавирусот кој беснее ширум светот.

Министерката за спорт на оваа земја потврди дека нема да биде дозволено во Франција да влегуваат невакцинирани лица, па дури тоа да се и најдобрите светски спортисти каков што е случајот со Ѓоковиќ.

Сепак во моментов има важечки прописи кои би можеле да му дозволат на Ѓоковиќ да настапи на Ролан Гарос. Србинот бил позитивне на Ковид-19 на 16 декември и врз основа на тој наод во следните шест месеци би можел да добие дозвола за престој во Франција, со што би можел да учествува и на престижниот турнир.

Но, „Л’Екип“ сега пренесува дека ќе има промена и на ова правило и владата во Франција ќе го скрати периодот од шест на четири месеци.

Тоа воопшто нема да му одговара на Ѓоковиќ кој ќе ги пробие роковите и нема да има право за настап ниту на Ролан Гарос.

Позната е голготата која ја минуваше Ѓоковиќ во Австралија, па сигурно нема да се впушти во такво нешто и во Франција доколку му биде забранет влез и во оваа земја.

Се вчитува...