Познати сатниците за натпреварите на ЕП 2018 во Хрватска

Машката ракометан репрезентација на Македонија првиот натпревар на ЕП 2018 во Хрватска против Словенија ќе го игра на 13 јануари во терминот од 19.30 часот. Наредните два натпревари од групата Ц во Загреб, македонските ракометари ќе ги играат во два различни термини. Дуелот со Црна Гора е на 15 јануари во 20.30 часот, а последниот натпревар во групата против Германија е закажан за 17 јануари со почеток во 18.30 часот.

Една недела по ждрепката со која беа одредени групите на ЕП 2018, организаторите во координација со ЕХФ ги одредија и термините за натпреварите. Во другите три групи од првата фаза натпреварите ќе се играат во термините од 18.15 и од 20.30 часот, освен во нашата група Ц  каде има исклучок на првиот натпреварувачки ден, на 13 јануари, кога натпреварите се еден час порано од другите.

Во втората фаза од ЕП натпреварите исто така ќе се играат од 18.15 и од 20.30 часот, освен на 24 јануари кога има тројна програма и првиот меч ќе почне во 16.00 часот.

Во истите термини се и полуфиналните мечеви на 26 јануари, а финалето е на 28 јануари со почеток во 20.30 часот.

Европското првенство во Хрватска ќе се одржи од 12 до 28 јануари наредната година, а градови домаќини се Сплит, Пореч, Загреб и Вараждин.

satnici ep 2017

Се вчитува...