Реал Мадрид, Барселона, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад ќе ги одмерат силите во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија, вака барем одлучи денешната ждрепка.
„Кралевите“ за противник го имаат Атлетик Билбао, додека Реал Сосиедад ќе биде домаќин на Барселона во првиот натпревар. Овие полуфиналиња ќе бидат одиграни веќе следниот месец, 13 и 14 јануари.
Легендарниот Емилио Бутрагењо, како дел од тимот на Реал Мадрид даде своја изјава за овој претстоен натпревар, а тој укажа дека допрва ќе следува вистинска борба за пласман во големото финале на Шпанија:
“Ова е многу убаво натпреварување, имаме големо искуство и ќе се обидеме да победиме. Атлетик е многу силен и конкурентен”, изјави Буртагењо.
Рамон Рамос, како потпретседател на управниот одбор на Барселона, исто така даде своја изјава за шпанските медиуми:
“Во овој атрактивен формат, следува „шоу“ во Суперкупот на Шпанија. Не очекува тежок почеток на новата година, со четири гостувања. Реал веќе ја покажа својата одлична форма и тие се сериозен противник”, заклучи Рамон.
Само за потсетување, заради пандемијата од коронавирус, Суперкупот на Шпанија наместо во 2020-та година ќе биде доигран во 2021-та, а големото финале е закажано за 17 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА