Познати се сите парови во плеј-офот на Истокот: Њујорк ја доби драмата со Чикаго за место број два

Со завршување на првата половина од натпреварите во последниот ден од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата познати се сите парови во разигрувањето и плеј-инот во Источната конференција и покрај тоа што постеа бројни комбинации се конечниот изглед на табелата од второто до осмото место.

Борбата за втората позиција која носи предност од домашен терен до самото конференциско финале ја сочинуваа три тима – Њујорк, Милвоки и Кливленд, а на крајот Никс ќе бидат оние кои ќе го започнат разигрувањето од местото број два со оглед на тоа што беа единствените кои забележаа победа.

Њујорк славеше со 120-119 во драматична завршница против Чикаго и тоа по продолжение, додека Милвоки без Јанис Адетокумпо претрпе убедлив пораз од 113-88, а Кливленд речиси и го „предаде“ мечот против Шалот настапувајќи со третата петорка во самата завршница.

Во борбата за петтото место се наоѓаа четири конкуренти и сите забележаа победа, задржувајќи ја истата позиција како и пред последниот ден. Последните две места во плеј-офот им припаднаа на Орландо и Индијана, додека Филаделфија и Мајами како седми и осми започнуваат од плеј-инот.

Резултати: Бостон – Вашингтон 132-122, Кливленд – Шарлот 110-120, Индијана – Атланта 157-115, Мајами – Торонто 118-103, Њујорк – Чикаго 120-119, Орландо – Милвоки 113-88, Филаделфија – Бруклин 107-86.

Плеј-оф парови: Бостон (1) – Плеј-ин 8, Милвоки (2) – Плеј-ин 7, Њујорк (3) – Индијана (6), Кливленд (4) – Орландо (5).

Плеј-ин парови: Филаделфија (7) – Мајами (8), Чикаго (9) – Атланта (10)

Се вчитува...