Познати сите учесници за новата сезона во Ф1

Тимовите од Формула 1 веќе ги објавија своите возачи за новата претстојна сезона.

Мексиканскиот возач Серхио Перез потпиша едногодишен договор со Ред Бул и ќе продолжи да вози во 2021 година во Формула 1 шампионатот.

Перез ќе вози за Ред Бул со неговиот колега Макс Ферстапен. Мексиканецот немаше договор за следната година, бидејќи тимот на Расинг Поинт одлучи да не ја продолжи соработката, па Перез најави дека ќе паузира доколку не најде ангажман. Тој се избори за договор по најдобрата сезона во Ф1 во својата кариера, а во трката за Големата награда на „Сакир“, негова 190-та во оваа конкуренција, ја оствари својата прва победа. Перез ја заврши сезоната на четвртото место, зад шампионот Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Макс Ферстапен.

Седумкратниот последователен шампион Мерцедес е единствената екипа што не го објави својот список на возачи за 2021 година, иако се очекува седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон да го продолжи договорот.

Даниел Рикардо и Ландо Норис следната сезона ќе возат за Мекларен, Себастијан Фетел и Ленс Строл ќе бидат во комбинација за Астон Мартин, а за Алпин, сегашните возачи на Рено, Фернандо Алонсо и Естебан Окон.

За Ферари ќе возат Чарлс Леклерк и Карлос Саинк, за Алфа Таури, Пјер Гасли и Јуки Кунода, додека Кими Раиконен и Антонио за Алфа.

Младите возачи Никита Мазепин и Мик Шумахер ќе возат за Хас, а за Вилијамс, Џорџ Расел и Николас Латифи.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 21. март во Мелбурн за Големата награда на Австралија.

Се вчитува...