Познати термините: Саботни пресметки меѓу Вардар и Загреб во ЛШ

ЕХФ денеска и официјално ги објави термините за одигрување на осминафиналните пресметки од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Загреб, на кои „црвено-црните“ се фаворити за нов пласман меѓу најдобрите осум екипи во ракометна Европа.

И двата натпревари ќе се играат в сабота, а Загреб е домаќин на првиот меч што на програмата е на 23 март во 20.30 часот во „Арена“, каде хрвтскиот првак очекува поддршка од околу 10.000 фанови.

„Жешка атмосфера“ дефинитивно ќе има и на реваншот во Скопје, закажан за 30 март во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19.30 часот.

Се вчитува...