Познатиот ФИФА судија Чунејт Чакир зад ВАР – системот на мечот Македонија – Азербејџан

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Реномираниот турски ФИФА судија, Чунејт Чакир, ќе раководи со ВАР – системот на денешниот пријателски натпревар меѓу Македонија и Азербејџан, што од 18 часот започнува на „Мардан Арена“ во Белек, Турција.

На минатиот тест против Финска, исто така имаше ВАР – технологија, но немаше спорни моменти на дуелот за истата да биде употребена.

Судиите на денешниот меч се од Турција. Главен судија на натпреварот е Халис Ускаја, а ќе му помагаат Кемал Јилмаз и Али Палабирик.

Се вчитува...