Пред првиот четвртфинален натпревар од АБА лигата меѓу Партизан и Спартак Суботица, главна тема меѓу навивачите и јавноста беше дали ќе играат Карлик Џонс, Стерлинг Браун и Исак Бонга по неодамнешниот инцидент пред еден белградски ноќен клуб.
Потсетуваме, споменатите тројца кошаркари неодамна учествуваа во улична тепачка која привлече големо внимание во јавноста.
Сепак, како што објавија српските медиуми, Џонс, Браун и Бонга ќе бидат во ростерот за натпреварот против Спартак кој почнува за нешто помалку од еден час.
Претходните денови тренираа без проблеми, а за последиците кои ќе ги сносат клубот очигледно ќе одлучи интерно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА