Познато е кога Меси ќе дебитира за Интер

Аргетинскиот фудбалер Лионел Меси би требало да дебитира за Интер Мајами на 21. јули, кажа сопственикот на овој клуб Хорхе Мас.

Тој рече дека Меси веројатно ќе го игра својот прв меч против мексиканскиот Круз Азул во Лига Купот, северноамериканско натпреварување кое заедно го организираат Северноамериканската лига и федерацијата на Мексико.

Меси на 7. јуни објави дека ја продолжува кариерата во Интер Мајами, после две години во ПСЖ. Иако имаше понуди од Саудиска Арабија, а желба од својата Барселона, сепак, на крајот се одлучи да оди во САД.

Се вчитува...