Познато е колку ќе трае договорот на Мбапе со Реал Мадрид

Само чудо може да го одвои Килијан Мбапе од потпис со Реал Мадрид. Французинот пред неколку дена објави дека си заминува од ПСЖ, а во Мадрид се е подготвено за „слетување“ на одличниот фудбалер, кој досега го носеше дресот на ПСЖ.

Трансферот најверојатно ќе биде објавен вендаш по финалето на Лигата на шампионите, а пред Европското првенство во Германија, на кое ќе настапи и самиот Мбапе.

Откриени се детали од договорот на Мбапе со Реал Мадрид. Познато е дека тој ќе потпише договор на пет години, односно до 2029 година.

Мбапе во минатото беше дел од Монако, а потоа дојде во ПСЖ. Неговата желба за освојувње на Лигата на шампионите засега не е исполнета. Иронично е тоа што тој може да дојде во клубот кој може да стане европски првак на 1. јуни, со оглед дека неговиот иден тим игра против Борусија Дортмунд во финалето на Вембли.

Се вчитува...