Познато е од која причина Обамејанг е отстранет од Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета се одлучи да го исфрли Пјер Емерик Обамејанг од тимот. Капитенот на „топџиите“ го пропушти мечот со Саутемптон, а нема да игра ниту утре против Вест Хем.

„Мораше да ја донесеме таа одлука во интерес на клубот. Тој ја прифати одлуката, но не можам да ви кажам за што станува збор“, рече Артета.

Англиските медиуми нагаѓаат дека суспензијата е поради тоа што Обамејанг заминал во Франција да ја посети неговата болна мајка, и не се вратил на време во Лондон. Освен тоа, објавена е фотографија по англиските портали во која се гледа дека се тетовира.

Токму по таа фотографија Артета збеснал и одлучил да го отстрани од екипата.

Се вчитува...