Познато каде Верона и Специја ќе го играат баражот за опстанок во Серија А

Во недела, на 11. јуни, фудбалерите на Верона и Специја ќе одлучат кој тим останува во Серија А, а кој испаѓа во Серија Б. Натпреварот ќе се одигра на неутрален терен во Удине.

Тоа е одлука на челниците на Италијанската фудбалска федерација, а тоа ќе биде првиот бараж за опстанок во Серија А по сезоната 2004/05 кога за истата цел играа Парма и Болоња.

Од оваа сезона, италијанската федерација го смени правилото, па меѓусебниот резултат не се смета за конечниот пласман.

Ако две екипи имаат ист број бодови, а Верона и Специја имаа по 38 одиграни натпревари, еден натпревар на неутрален терен ќе одлучи кој ќе остане во елитното друштво. Доколку по 90 минути резултатот е нерешен, веднаш се изведуваат пенали.

Се вчитува...