Познат е датумот за почеток на новата сезона во Евролигата. Денеска во Барселона се одржа редовното собрание на ЕКА, на кое беа потврдени клучните одлуки донесени на претходниот состанок на Бордот на Евролигата.
Меѓу најважните информации е потврдата дека во новата сезона елитното европско натпреварување ќе брои 20 клуба, што веќе и беше познато на јавноста, но сега е прецизиран датумот за почеток на сезоната, а тоа е 30 септември.
Покрај календарот на Евролигата, потврден е и распоредот за Еврокупот, а во официјалното соопштение се истакнува и дека претседателот на Евролигата Дејан Бодирога и судискиот директор Дани Терезуело презентирале детален годишен извештај за арбитражата во претходната сезона, вклучувајќи го и индивидуалниот рејтинг на судиите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА