Познато кога се враќа шпанската Ла лига?

Раководството на шпанската Ла лига испратија допис до клубовите дека продолжението на сезоната ќе биде на 12. јуни. Сепак, последниот збор ќе го има министерствотот за здравство, пред кого ќе биде изложен овој предлог.

Идејата е натпреварите да се играат во петок, сабота и недела, како што беше случај и во нормални услови, а ќе има натпревари кои ќе бидат распоредени и во текот на работната недела.

Тимовите веќе почнаа со лесни тренинзи, а внимателно ќе се оди и до следната фаза која треба да доведе до целосно враќање на фудбалот во Шпанија.

Се вчитува...