ППД Загреб немаше сила за сензација, Монпелје во четвртфиналето во ЛШ

Ракометарите на хрватскиот шампион ППД Загреб немаа сила за сензација во осминафиналето во Лигата на шампионите. Откако пред една недела мечот во главниот град на Хрватска заврши без победни, вечерва францускиот великан во тврд натпревар славеше на домашен терен со 30-24.

Првото полувреме донесе вистинска битка на двете страни, а по триесет минути игра резултатот беше израмнет 14-14. Клучната разлика домаќините ја направија на влезот во последните десет минути кога се одлепија на плус четири (25-21) и до крајот успеаја да ја задржат предноста за пласман меѓу осумте најдобри во Европа.

Поранешниот вардарец Сташ Скубе со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените четири постигна уште еден поранешен вардарец Иван Чупиќ. Во четвртфиналето Монпелје ќе го предизвика германскиот великан Кил.

Се вчитува...