Прашање за Карлос Саинц го налути Луис Хамилтон

На почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот Ферари направи сензационален трансфер со ангажман на седумкратниот шампион Луис Хамилтон за следната сезона, оставајќи го без ангажман Карлос Саинц кој одговори возејќи перфектно на трите трки на кои настапи.

Шпанскиот возач оствари една победа и два пати се најде на третото место па веднаш започна да се поставува прашање дали Ферари направи грешка со тоа што лесно се откажа од неговите услуги.

По Големата награда на Јапонија на прашање поврзано за Саинц одби да говори првиот човек на Ферари, Фред Васер, а сега во центарот на вниманието се најде и Хамилтон кој пак вози катастрофално на стартот на сезоната. Британецот беше запрашан дали е љубоморен што Ферари е толку брз во моментот на што одговори со конра прашање.

„Имате ли некое подобро прашање?“, изјави Хамилтон кој потоа ја напушти конференцијата за медиуми.

Се вчитува...