Празен „Младост“ мотив повеќе за Гостивар – „сино-белите“ го преслушаа Пелистер

Гостивар со триумф од 91-79 над Пелситер ја започна новата сезона во Првата кошаркарска лига. Гостиварци на овој натпревар не можеа да сметаат на помошта од своите навивачи поради забраната стекната токму за мечот против битолскиот состав на крајот на претходната сезона, но тоа беше само мотив повеќе да одличен меч против фаворизираниот противник кој се натпреварува и во АБА2 лигата.

Гостивар беше подобриот противник во поголемиот дел од мечот, имаше и двоцифрена предност на полувреме, а победата ја осигура во третата четвртина во која шест и пол минутиниот „пост“ на гостинот во нападот беше искористен за висока преднсот од која Пелистер не успеа да се врати. Пех за битолчани беше и повредата на Донован Доналдон кој второто полувреме го проследи од клупата.

Двата тима играа во серии на отварањето на првото полувреме. Гостивар поведе со 7-0, Пелистер возврати со 11-0 за превземање на предноста, но „сино-белите“ навремено ги консилидираа редовите и не дозволија противникот дополнително да ја зголеми предноста. Преку обидите за три поени гостиварци ја вратија предноста и овој пат истата ја задржаа до крајот на првата четвртина (23-17). Гостивар продолжи да го контролира мечот и во поголемиот дел од втората четвртина во која стигна и до највисоката предност од 14 поени (44-30), но агресивната одбрана по цел терен на Пелситер донесе изгубени топки на домаќините кои гостите ги искористија за лесни поени со кои ја намалија негативата на 44-39. Последната минута од средбата им припадна на „сино-белите“ кои сепак ја задржаа двоцифрената предност (49-39) на полувремето благодарение на Корсантиа и Пипкинс.

Битолскиот состав подобро го започна второто полувреме и набргу ја врати едноцифрената негатива (52-48), но домашниот состав одговори со најдоброто оружје – реализацијата за три поени, а ја зголеми и агресивната во одбраната и не дозволи приближување на противникот на негатива од еден напад. Пелистер реализаше само еден поен во следните шест и пол минути, а тоа знаеја да го искористат „сино-белите“ во нападот за највисока предност од 65-48. Пелистер се разигра на крајот на третата четвртина и влезе во мини серија, но успеа само да ја намали негативата на 67-54. Последните десет минути не донесоа промена на силите. Пелистер продолжи да брка едноцифрена негатива, но Гостивар имаше одговор за секое приближување на битолчани па двоцифрената предност беше задржана до крајот.

Се вчитува...