Пред 11 години тренирал со Роналдо, а денес е млекар: Не жалам што не успеав како фудбалер, кравите ме прват среќен!

Кариерата на Кристијано Роналдо трае речиси две децении, а Португалецот досега играше со неколку генерации фудбалери. Роналдо и понатаму е активен на зелените терени, додека некои негови колеги веќе одамна се пензионираа.

Во интервју за „Атлетик“, Ричард Екерсли раскажа колку неговиот живот се променил од 2009 година до денес. Тој тогаш бил член на Манчестер Јунајтед, а тренирал со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо.

„Многу размислувам за тоа. Роналдо се врати во Јунајтед и последниот пат кога беше таму, јас бев играч на црвените ѓаволи. Тренирав со него … Сега сум млекар, одгледувам стадо на крави, а тој уште игра фудбал. Лудо е. Два одделни света … Воопшто не жалам што не продолжив како фудбалер, напротив, јас сум многу сум среќен и уживам во својата судбина”, изјави 32-годишниот фудбалер, кој е пензиониран од фудбалот веќе шест години.

Во 2015 година Ричард го одиграл својот последен натпревар во кариерата како играч на Олдхем против Донкастер. Тој се повредил во 71. минута, а потоа излегол од теренот и никогаш повеќе не му се вратил на фудбалот. Настан кој се случил во декември, месец кога КР7 имаше постигнато девет гола за Реал.

„Немав амбиција во мојата кариера. По свадбата со мојата сакана, добивме новороденче, а јас и реков дека сакам да се збогувам со фудбалот. Тоа беше вистинско олеснување. Имав доволно пари за шест месеци или една година. Имавме своја куќа, своја градина, сеевме и правевме храна. Тоа е како град без пат. Се започна од ништо, денес нашето производство е 100% природно. Ние произведуваме околу 25.000 литри млеко месечно. Имаме 22 вработени и сакаме да станеме најголемиот дистрибутер на млеко во Англија. Кој знае, можеби ќе испратиме млеко и во Манчестер Јунајтед еден ден“, изјави Екерсли.

Во меѓувреме, Роналдо неколку пати беше прогласуван за најдобар играч на светот во дресот на Реал, а исто така играше три години за Јувентус. Иако има 36 години, нема намера да престане да ги руши рекордите и да ги поместува границите, па својата кариера оваа сезона Португалецот одлучи да ја продолжи во Јунајтед.

Се вчитува...