Пред Дончиќ потклекна и најдобриот тим во НБА-лигата

Лука Дончиќ беше во главна улога на синоќешниот дуел меѓу Далас и Јута, на кој домаќините славеа со 111-103, прекинувајќи ја серијата од девет победи на „џезерите“ од Солт Лејк Сити. Јута е тим со најдобар скор во лигата моментно, до синоќа имаше претрпено само 11 порази (со 38 победи), но не успеа да најде лек да го неутрализира Лука Дончиќ. Словенецот одигра беспрекорно, реализирајќи 31 поен надополнети со девет скокови и осум асистенции, а одлична помош доби од Фини Смит со 23 и Брансон со 20 поени.

Бруклин по огромна битка триумфираше над Њујорк со 114-112, дуел на кој брилијантен беше Кајри Ирвинг реализирајќи 40 поени и 7 асистенции. Сепак, дуелот остана во сенка на повредата на Џејмс Харден, кој по само четири минути мораше да го напушти теренот и повеќе не се врати во игра.

Торонто го доби Вашингтон со 103-101, а на гостите не им помогна ниту најновиот трипл-дабл на Расел Вестбрук (23 поени, 14 скокови, 11 асистенции).

Резултати: 

Бруклин – Њујорк 114-112, Далас – Јута 111-103, Минесота – Сакраменто 116-106, Оклахома – Детроит 108-132, Сан Антонио – Кливленд 101-125, Торонто – Вашингтон 103-101, Хјустон – Феникс 130-133.

Се вчитува...