Холандскиот напаѓач Воут Вегорст, кој донесе победа на својата селекција во дуелот со Полска, ќе има нов клуб после Европското првенство. Високиот голгетер на „лалињата“ е потшише договор со гигантот Ајакс.
Преговорите помеѓу Барнли и Ајакс се во напредна фаза, и наскоро договорот ќе биде потпишан.
Вергост ќе се врати во Холандија после шест години, откако во 2018 година го напушти АЗ Алкмар. Потоа играше во Волфсбург, Барнли, и на позајмици во Бешикташ, Манчестер Јунајтед и Хофенхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА