Пред носот на Барселона: Реал Мадрид го договорил Лаутаро Мартинез?!

Аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез повторно е во фокусот на вниманието во Шпанија, но не поради заинтересираноста на Барселона. Тој најверојатно ќе направи трансфер во лутиот ривал Реал Мадрид, открива италијанскиот „Спортмедиасет“.

Интер одлучил да го продаде Лаутаро Мартинез за сума од 100 милиони евра. „Нероаѕурите“ го купија Ашраф Хакими од Реал Мадрид за 40 милиони евра и како што открива „Спортмедиасет“, овие пари се уште не се легнати на сметката на „кралскиот клуб“. Со новиот трансфер на Лаутаро Мартинез, Интер едноставно би добил уште 60 милиони евра од „кралевите“ и веднаш би ги пренасочил кон Челси за да го купи Нголо Канте, една од најголемите желби на тренерот Антонио Конте за засилување на средниот ред.

Лаутаро Мартинез би потпишал петгодишен договор со Реал Мадрид и би заработувал 8 милиони евра по сезона, речиси двојно повеќе од сегашната годишна плата во редовите на Интер. Италијанскиот клуб исто така би го добил на позајмица и Лука Јовиќ за претстојната сезона, со опција за комплетно откупување на договорот. Според најавите, ова треба да е зделка која би им одговарала на сите вклучени страни.

Се вчитува...