Пред три години го растури Ѓоковиќ, па стана музичка ѕвезда во Италија (видео)

Лоренцо Сонего некогаш важеше за голем тениски бисер и играч со неверојатен потенцијал, особено откако во 2020 година во четвртфиналето на турнирот во Виена во 2020 година го декласираше Новак Ѓоковиќ со убедливи 6-2, 6-1.

Веднаш се појавија приказните за новиот талент на светскиот тенис, момче кое може да дотурка далеку, но тениската кариера на Италијанецот не се одвиваше во посакуваниот правец, освои само три турнири (во Анталија, Калјари и во Мец), а најдобар пласман му беше 21. место на АТП-листата.

Во меѓувреме, Лоренцо Сонего почна и музичка кариера која дефинитивно му оди многу подобро од тениската. Неговиот прв хит „Un solo Secondo” веќе има над еден милион прегледи на јутјуб и се наоѓа при врвот на италијанските топ-листи.

Се вчитува...