Пред Василев „падна“ и Лиеткабелис (ВИДЕО)

Никола Василев и Џукија започнаа нова победничка низа откако по триумфот над Невежис сега го одбранија домашниот терен од Лиеткабелис (86-70). Клучна за победата на македонскиот стратег беше добрата одбрна на крајот на првото и почетокот на второто полувреме, тетвртини кои Џукија ги доби со 47-21.

Со овој триумф Џукија се искачи на шестата позиција на табелата со скор 5-8. Тимот на Василев во вториот дел од првенството ќе се соочи со густ распоред со оглед на тоа што им претстојат седум заостанати натпревари.

 

Се вчитува...