Трансферот на Мичи Бачуаји кој од Фенербахче премина во Галатасарај се чини дека нема да биде единствното големо предавство во турскиот фудбал ова лето. Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми блиску до потпис со Фенербахче сега е Ченк Тосун.
Турскиот репрезентативец кој настапуваше за Бешикташ од 2014 до 2018 година, а по преминот во Евертон се врати назад во овој тим од 2021 година до изминатата сезона е блиску до потпис со големиот градски ривал и тоа како слободен играч откако му се истече договорот.
Доколку се реализира трансферот тоа ќе биде едно од најголемите предавства во турскиот фудбал поготово дека 33-годишникот важи за легенда на Бешикташ со 227 настапи во „црно-белиот“ дрес на кои постигна 96 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА