Преговори МКФ – клубови: Исплатата на долговите најдоцна до 20 април

Прволигашките натпревари од кошаркарскиот шампионат најверојатно ќе продолжат претстојниот викенд, по денешниот состанок на Здружението на прволигаши со спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.

По дискусијата што беше водена од страна на осум клубови (МЗТ Скопје, Куманово, Работнички, Шкупи, Гостивар, Кожув, Охрид и Пелистер), на крајот ставовите беа приближени, а клубовите изградија единствен став, да побараат продолжување на рокот за исплата на втората рата од котизацијата, како и казните и лиценците за странските кошаркари.

Екипите кои ја немаат исплатено првата рата од котизацијата истата да ја исплатат. Сите останати трошоците да ги подмират најдоцна до 20 април. Ова се однесува за вкупните трошоци за втора рата од котизација, лиценцирање на странски кошаркари и казни“ – гласи барањето на Здружението на прволигаши до МКФ.

Сите оние кои нема да ги исплатат овие обврски потоа би биле суспендирани на еден натпревар, а во случај на суспензија на втор меч би следело и исфрлање од лигата.

Според првичното расположение, ова барање најверојатно ќе биде прифатено од страна на куќата на кошарката, се со цел сезоната да продолжи според планот, со натпреварите од 17. коло од Првата лига.

Се вчитува...