Прекинат тренингот на Сараево: Навивачите ги нападнаа Велкоски и соиграчите

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски и неговите соиграчи од Сараево денеска на тренингот на центарот Бутмир во Сараево се нападнати од група навивачи.

Навивачите упаднале на тренингот незадоволни од тоа што Сараево не успеа да стигне до шампионската титула сезонава, која е за Борац Бања Лука. Дошло и до физички судар меѓу навививачите и играчите, а најлошо минал Душан Хоџиќ.

Сараево веќе утре го очекува и финалето во Купот на БиХ против Борец кое се игра од 17 часот во Зеница.

Се вчитува...