Прекината серијата на Феникс, битката за Лос Анџелес за Клиперси

Прекината е серијата на Феникс од 18 победи по ред. Голден Стејт е тимот кој ја прекина серијата, на крајот славејќи убедливо со 118:96. Пред само неколку дена исходот беше поинаков, но Стиф Кари. Немања Бјелица и останатите се погрижија тимот да дојде до 19 победа во сезоната и да го превземат првото место во западната конкуренција.

Ниту новата одлична партија на Лука Дончиќ не му помогна на тимот на Далас, кој на свој терен претрпе пораз од Њу Орлеанс со 91:107. Далас влезе во мечот одлично, имаше водство во првата четвртина, и го одржуваше до крајот на првото полувреме. Во продолжението Њу Орлеанс одигра одлично како тим, и направи пресврт, па дури поведе и со двоцифрена разлика. Брендон Играм ги предводеше до триумф со 24 поени. Лука Дончиќ, пак, имаше 21 поен, 10 скока и 7 асистенции, но недоволно да се избегне поразот.

Дербито на Лос Анџелес му припадна на Клиперси со 115:119. Клиперски одлично го отворија мечот, и ја добија првата четвртина, а на полувремето заминаа само со предност од три разлика. Клучна беше третата четвртина во која Клиперс направија осум разлика, а залудно беше добиената четврта четвртина на Лејкерс. Во еден момент Лејкер стигна само до -1, но никогаш не дојде до предност во последниот период, со што Клиперси на крајот се радуваа со 115:119. Залудно добрата игра на Дејвис и на Леброн. Двајцата беа најефикасни со 27, односно 23 поени, но тимската игра на Клиперс ја донесоа победата.

Индијана – Мајами 104:113
Вашингтон – Кливленд 101:116
Атланта – Филаделфија 96:98
Бруклин – Минесота 110:105
Хјустон – Орландо 118:116
Далас – Њу Орлеанс 91:107
Јута – Бостон 137:130
Голден стејт – Феникс 118:96
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115:119

Се вчитува...