Ја искористи Манчестер Сити мизерната форма на Челси, за да го совлада во финалето на ФА Купот, и да дојде до уште еден трофеј во ова натпреварување. Се намачија „граѓаните“ за да дојдат до победата над Челси, но на крајот им ја донесе Семењо.
Крилниот фудбалер стрелаше во вториот дел прекрасно, со петица, за Сити да има шанса да освои двојна круна во Англија. Голот се случи во 72. минута од средбата.
Челси одигра уште еден мизерен натпревар, немаше ниту една голема шанса за да е обиде да се спаси од пораз, а потоа преку продолженијата да се обиде да дојде до трофеј и да ја спаси сезоната, но дефинитивно лондонските „сини“ имаат сезона за заборав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
