Јувентус имаше шанса во голема мера да го обезбеди учеството во ЛШ следната сезона, и да го престигне Милан на табелата во Серија „А“, но наместо победа со испадната Верона, одиграа само нерешено 1-1.
И тоа тимот од Торино мораше да бара спас, откако имаше негатива. Бови во 34. минута донесе шок на „Алијанц“ стадионот во Торино, и го донесе тимот на Верона во предност.
Душан Влаховиќ после долго време во 62. минута израмни. Србинот постигна прекрасен гол од слободен удар, откако влезе на полувремето и донесе еден бод за својата екипа.
Јувентус нападна да дојде и до трите бода, но Верона успеа да одбрани. На крајот Јуве ја погоди и стативата, и не успеа да стигне до победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
