Прекрасен гол во Третата лига север: Филиповски со „кунг-фу“ гол а-ла Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Екипата на ФК Аеродром на свој терен го совлада шампионот Шкендија Арачиново со 4-3, а двоен стрелец на оваа средба беше играчот на домашниот тим Леонид Филиповски.

Филиповски постигна прекрасен гол, откако по една нафрлена топка од корнер и волеј на свој играч, го измами гостинскиот голман со „кунг-фу“ шут од 9-10 метри. Овој гол потсетува на оној на познатиот голгетер Златан Ибрахимовиќ, кој погоди во времето кога играше за ЛА Галакси.

Филиповски ги постигна головите во 68. и 86. минута, носејќи победа за својот тим. Шкендија и претходно го имаше обезбедено првото место и баражот за пласман во Втората лига.

Филиповски потекнува од младинската школа на Работнички, и бил дел и од Фудбалската Академија на ФФМ, втора генерација.

Се вчитува...