Прекрасно: Семејството е на прво место за Адебајо (ФОТО)

Патот до славата на НБА играчите отсекогаш знаел да возвиши и да донесе насмевка на лицето, а овојпат во главната улога е центарот на Мајами, Бем Адебајо.

По добивање на новиот договор со клубот од Флорида, вреден нешто повеќе од 200 милиони долари, реши да и се заблагодари на својата мајка, со која долго време за време на детството живеел во камп приколка, подарувајќи и луксузна куќа.

„Мојата мајка никогаш немала нешто за што може да каже дека е нејзино. Моментот кога го видов нејзиното лице откако влезе во нејзината нова куќа беше бесценет. Гледајќи ја оваа жена низ се што мина во животот, и сега кога конечно може да се одмори и да каже „Ова е мое“ за мене е премногу значајно. Ова е само гест на мојата благодарност“ – изјави кошаркарот на Мајами.

Се вчитува...