Славниот холандски фудбалер, Весли Снајдер на специфичен начин го објави крајот на фудбалската кариера. На сајтот на клубот од градот во кој е роден Снајдер, Утрехт, но за кој никогаш не играл беше објавено дека со легендата е потпишан договор. „Цаката“ е во тоа што во договорот стои дека Снајдер во претстојната сезона ќе ги следи сите натпревари на Утрехт од негова приватна ложа.
„Мојата љубов кон градот Утрехт е преголема.Често зборувавме за вакво нешто и еве конечно го ставивме на хартија. Се надевам на одлична сезона“ – изјави Снајдер.
Снајдер кариерата ја почна во Ајакс каде беше од 2002 до 2007 година. Потоа играше заИнтер, Галатасарај, Ница и на крај за катарската Ал-Гарафа. Најславниот период во кариерата го имаше во Интер со кога во 2010 година ја освои тројната круна.
134-voudig International @sneijder101010 tekende een contract in @Galgenwaard030
De geboren Utrechter zal dit seizoen de thuiswedstrijden bekijken vanuit zijn eigen skybox en treedt hiermee toe tot de FC Utrecht Business Club.
Lees hier meer ?https://t.co/kf4VFP48MQ
— FC Utrecht (@fcutrecht) August 12, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА