Екипата на ПСЖ немаше проблеми во дуелот со Оксер, но мечот му создаде главоболки на тренерот Луис Енрике пред пресметката со Барселона во Лигата на шампионите.
Победата на европскиот првак од 2-0 остана во сенка на повредата на Витиња, кој во 35. минута мораше да го напушти теренот. Три минути претходно Забарњи успеа со својот деби гол за донесе предност, токму на асистенција на Португалецот.
Во вториот дел Бералдо во 54. минута зголеми, и тоа беше конечниот резултат на крајот. Луис Енрике се реши да одмора дел од ѕвездите, па така на клупата се најдоа Пачо, Мендеш, Хакими, Баркола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

