СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА „ПРЕСИНГ“ – Дарко Панчев го слави 60-от роденден, Златко Калински негов специјален гостин!

ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!

 

Шестата епизода на ПРЕСИНГ е со специјален предзнак РОДЕНДЕНСКИ – посветена на најголемото македонско фудбалско име во историјата Дарко Панчев. Денеска, одбележувајќи го неговиот 60-ти роденден, подкастот „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, овој пат како биографски осврт на блескавата кариера, е посветен на „Златната копачка“ на Европа.

А, со специјален гостин во името на легендата на македонско спортско коментаторство Златко Калински со кого, токму Дарко,  во 2012 година и во 2014 година ги освоија срцата на македонската јавност со коментарите на ЕП 2012 и СП 2014. Па, по цели 11 години, за првпат повторно заедно пред македонската спортска јавност… овој пат пред ТВ камерите, ако тогаш ги паметиме по легендарните заеднички коментари од зад камерите.

Разговори за тоа од каде потекна идејата Златко и Дарко во 2012 и во 2014 да бидат заедно во МТВ и да станат убедливо најдоброто коментаторско дуо во Македонија… Разговори за ФК Вардар, и за страста за фудбалот со која живееше Скопје но и цела Македонија низ деведесеттите години од минатиот век преку оној шампионски Вардар, за Црвена Звезда и европската и светската шампионска круна… Разговори за „Златната топка“ која во 1991 година буквално му беше „украдена“ на Дарко… Разговори за настапите во дресовите на Југославија и на Македонија… За осамостојувањето на македонскиот фудбал, но и за многу спектакуларни голови на Дарко Панчев кои досега не се експонирани во јавноста!

Слушнете што кажувале и што кажуваат за Дарко Панчев легендарни имиња како Роналд Куман, Арсен Венгер, Тони Савевски, Вукашин Вишњевац, Мишел Платини, Драган Џајиќ, Ненад Бјековиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Милојко Пантиќ, Иван Гудељ….

ГЛЕДАЈТЕ ГО РОДЕНДЕНСКИОТ ПОДКАСТ СО ДАРКО ПАНЧЕВ И ЗАСЛЕДЕТЕ ГО ЈУТЈУБ-КАНАЛОТ НА „ПРЕСИНГ“…

 

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“…

Се вчитува...