Премиер-лигата го укина новото правило за следната сезона

Англиските премиерлигаши го вратија старото правило за три замени за време на фудбалските натпревари за сезоната 2020/21. Во вториот дел од сезоната по коронавирусот тренерите како олеснителна околност можеа да вршат по пет замени на секоја средба, тренд што во неколку земји беше продолжен и за новата сезона.

Сепак, денешниот состанок на премиерлигашките клубови донесе неочекуван расплет, откако мнозинството одлучи дека нема потреба од пет и најдобро ќе биде да се врати старото правило од три замени по натпревар. Британските медиуми јавуваат дека гласањето било „тесно“ (11-9), но сосема доволно за правилото за пет замени да замине во историјата кога станува збор за премиерлигашкиот фудбал.

Новата сезона во Премиер-лигата ќе стартува на 12 септември и ќе трае до 23 мај 2021 година.

Се вчитува...