Бруно Фернандеш се закити со уште едно индивидуално признание откако денеска беше избран за најдобар фудбалер на сезоната во англиската Премиер-лига.
Капитенот на Јунајтед пред неколку дена доби слично признание и во изборот на англиските фудбалски новинари, а денеска ја доби наградата и од самата Премиер-лига.
Арсенал е шампион, но играчите на „топчиите“ ги поделија гласовите меѓу себе, па Бруно како апсолутен лидер на Манчестер јунајтед стигна до ова признание. Бројките говорат најдобро за извонредната сезона на португалскиот плејмејкер, кој со 20 асистенции го израмни рекордот на Тиери Анри и Кевин де Бруине, со можност утре во последното коло да стане апсолутен рекордер во оваа категорија.
A season for the history books 📖@manutd‘s Bruno Fernandes is @EASPORTSFC Player of the Season ❤️ pic.twitter.com/nj0wKjlpFv
— Premier League (@premierleague) May 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
