Премиер-лигата руши рекорди: Првпат над сто заразени од Ковид-19

Нов рекорд објави англиската Премиерлига во оваа пандемија со ковид-19 и забрзаното ширење на омикрон-сојот во Велика Британија, па првпат откако се појави новиот вирус лани, во најсилната островска лига е забележани над сто позитивни случаи.

Како што објави Премиерлигата, 103 нови случаи има од ковид-19 во ПЦР-тестирањето спроведено во изминативе седум дена од 20 до 26 декември од 15.186 извршени тестирања во премиерлигашите, од комплетниот играчки кадар, тренерскиот дел, медицискиот и техничкиот персонал во клубовите.

„Безбедноста и здравјето е приоритет за секој, па така Премиерлигата ги презема сите неопходни чекори за да одговори на влијанието на омикрон-сојот“, објави Премиерлигата.

На минатото тестирање вкупно 90 позитивни случаи беа потврдени, а сега зголемувањето е за десет отсто. Досега откако експоненцијално почна да се зголемува бројот на заразени на Островот, дури 15 меча во Премиерлигата се одложени, три од божиќниот боксинг-деј не се играа, а веќе два за претстојната нова рунда утре и задутре нема да се играат и тоа Арсенал – Вулверхемптон и Лидс – Астон Вила.

Се вчитува...