Премиер-лигата започнува со големо дерби во Лондон

Премиер лигата го објави распоредот на натпревари за сезоната 2021/22, кој започнува на 14 август. Манчестер Сити, бранителот на титулата, ќе има тешка задача во првото коло. „Граѓаните“ ќе бидат гости на тимот на Тотенхем во Лондон. Актуелниот европски шампион Челси ќе биде домаќин на Кристал Палас, додека Манчестер Јунајтед ќе го пречека тимот на Лидс.

Ливерпул, кој избори пласман во Лигата на шампионите во последното коло од минатата сезона, ќе се натпреварува со нововлезениот тим во елитната лига, Норич, додека Арсенал ќе биде домаќин на уште еден нов член на Премиер лигата, Брентфорд.

Последното коло на шампионатот ќе се игра на 22 мај 2022 година.

 

 

 

Се вчитува...