Премиерлигашите сезонава потрошиле 260 милиони фунти на агенти

Клубовите во Премиер лигата исплатиле повеќе од 260 милиони фунти на фудбалските агенти во текот на сезоната 2018/19, што е за 49 милиони фунти повеќе од минатата година.

Ливерпул ја предводи листата со вкупно потрошени 43 милиони фунти во периодот од 1. февруари 2018 до 31. јануари 2019 година. Следуваат Челси и Манчестер Сити со по 26 милиони, односно 24 милиони фунти. Клубовите во Чемпионшип потрошија повеќе од 50 милиони фунти, а Сандерленд учествуваше со повеќе од 50 отсто од расходите во Лига 1, односно 5 милиони фунти.

Надоместоците за агентите се зголемени и покрај тоа што за трансфери сезонава се потрошени 500 милиони фунти помалку од минатата година.

Федерацијата на фудбалски поддржувачи смета дека сумите кои што се исплаќаат на агентите се „шокантни“ и повика на поголема транспареност во начинот на трошење на парите.

„Многу навивачи ќе речат дека трошењето на пари за агентите е „шокантно“, бидејќи голем дел од клубовите во пониските лиги се во сериозна финансиска криза“, изјави портпаролот на Федерацијата на фудбалски подржувачи. 

Ливерпул во сезоната 2017/18 потрошиле 27 милиони фунти за агенти, што е за 16 милиони фунти помалку од сезонава. Во тој период во клубот од „Енфилд“ пристигнаа Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.

Се вчитува...