Премиерот на Словенија го нападна Чеферин – Поради вашата алчност Европа се соочи со биолошка бомба

Премиерот на Словенија Јанес Јанша го обвини претседателот на УЕФА, Александар Чеферин како главен виновник за ширењето на короноварусот во Европа бидејќи навреме не ја прекина Лигата на шампионите.

„Нивниот потег беше алчен, неодговорен и криминален, со што ширењето на вирусот ја стави и Словенија во опасност. Натпреварот Аталанта – Валенсија беше биолошка бомба по која веќе ништо не беше исто. И покрај предупредувањата од Свестската здравствена организација која прогласи пандемија не беше доволна тие да ја прекинат Лигата на шампионите. Се е тоа поради алчност и пари“, изјави Јанша. 

Многу експерти за заразни болести во Европа потврдија дека натпреварите од Лигата на шампионите се главна причина за ширењето на Ковид-19 во Европа.

Се вчитува...