Конфликтот меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо го привлече вниманието на англиската фудбалска јавност, откако најпрвин Пеп се пофали дека има шест титули наспротив три на Жозе, а Португалецот одговори дека е горд на своиет титули бидејќи се „чисти“, потсетувајќи дека за трофеите на Гвардиола се водат истраги и има 150 обвиненија од ФА против Манчестер Сити.
Очекувано, препукувањето не заврши тука бидејќи Гвардиола на последната прес-конференција повторно доби прашање за истата тема…
„Пред се, би сакал да биде јасно дека мојата прва изјава беше само шега…. Очигледно е дека Жозе Мурињо е уште еден на долгата листа кој сака да испаднеме во трета лига или да се преселиме во конференција… Она на што јас сум горд е што јас и тој, со нашите освоени титули, можеме да седнеме на иста маса со Алекс Фергусон и Арсен Венгер…. Ако сум го навредил се извинувам, но факт е дека јас имам шест титули, а тој три. Тоа е факт. Исто како што е факт дека многу луѓе сакаат да го видат Манчестер Сити на дното, но јас веќе кажав – да ја почекаме пресудата. Сите се невини додека не биде докажано спротивното“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА