Преседан од УЕФА: Атлетико Мадрид следната сезона сигурно ќе биде дел од ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе направи преседан доколку не успеат да се завршат фудбалските првенства и ќе му дозволи учество на Атлетико Мадрид следната сезона во Лигата на шампионите. Поради пандемијата од Ковид-19 стопиран е спортот во цел свет, а вчера од шпанската федерација изјавија дека доколку нема услови за крај на шампионатот, нема да има шампион, а во ЛШ ќе се пласираат екипите кои во моментов се наоѓаат на првите четири позиции. Според овој став место во елитното натпреварување следната година нема да има за Атлетико Мадрид кој е редовен учесник последните години.

Доколку се откаже сезоната во Шпанија без разлика на табелата каде на првите четири места се Барселона, Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад во Лигата на шампионите ќе има место за Атлетико Мадрид. УЕФА си остави сама на себе право да направи преседан и да може самата да упати директни покани за учество во ЛШ следната сезона.

Во ерата на Диего Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид, тимот од „Ванда метрополитано“, двапати играше во финалето на Лигата на шампионите каде беше поразен од Реал Мадрид, а годинава се пласираат во четвртфиналето елиминирајќи го актуелниот шампион Ливерпул.

Се вчитува...