ПРЕСИНГ: „Клубови ни водат луѓе што продаваат малтер и лепат плочки…, и сакате кошарка во Македонија!?“

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров.

Меѓу бројните теми, неизбежно и разговор за дното на македонската клупска кошарка кое одамна е допрено. А, ако се бараат причините, како што вели Ненад Зивчевиќ, сигурно е доволно и да се погледне кој ни ги воделе клубовите изминатите долги години…

„Ако се на чело на клубовите луѓе што разбираат кошарка, би требало да знаат како да те растеретат од тој притисок. Ако на чело на клубовите се луѓе кои немаат пипнато топка освен на физичко, и кои користат реченици како: „Банка нема да видите”, “Сега ќе ве казнам”…. Не помагаш со тоа многу-многу, посебно што во главно секогаш си должен, не плаќаш редовно“ – вели Зивчевиќ и дополнува:

„Се помалку се поранешни кошаркари на функции, па спортски директори. Последно што памтам тој (Грнчаров) беше во МЗТ. Знам луѓе кои се тотално аут. Продаваа малтер, и за лепење плочки, доаѓаат и кажуваат како да играш, разбираш? Се помалку се такви кои што знаат како и да те растеретат од притисок и да те мотивираат. Плус на сето тоа стави дека тука, нели, секој секој клуб зависи од општина, па тие ставаат свои лица кои немаат врска со кошарка, сè ти е тоа домино-ефект поврзано. И, како сакаме кошарка!?“

=====================================

ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ

=====================================

ЦЕЛИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Се вчитува...