ПРЕСИНГ: „Македонската лига е контра од светскиот ракомет, се игра бавно и на тензија и ќотек!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски.

Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, и двајцата се осврнаа на разликата меѓу македонската лига, која оваа година и тоа како ќе биде драматична со четири израмнети екипи, но и оние најдобрите европски каде се игра далеку побрз ракомет.

Притоа со интересни констатации…

„А за нашата лига, мислам дека е една од најтешките лиги за играње за млади играчи затоа што се игра сосема поразличен ракомет од оној европскиот. Кај нас се игра многупобавен ракомет, можам да кажам повеќе се игра на тензија, на ќотек, на такви работи… А, спротивно е во Лигата на шампиони, или во Бундеслигата, пак, каде се игра брз ракомет. Таму може да се каже дека ни нема одбрани. На секој натпревар паѓаат по 80 гола, додека пак кај нас се постигнуваат вкупно по 45 гола на меч“ – вели Марко Митев, на кого се надополнува и Иван Галевски.

„Тоа е таа убавина на денешниот ракомет… Брз центар, отворено и со многу голови. И јас мислам дека веќе треба да се навикнеме на тој брз ракомет и да ја негуваме таа игра, поради тоа што тоа е иднината“ – вели Галевски.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...